Куманово загуби од Рилски спортист во четвртфинален меч од регионалната кошаркарска Балканска лига (БИБЛ).
На гостувањето во Самоков, Бугарија, кошаркарите на Куманово загубија од Рилски спортист со 97-85 по четвртини 36:30, 26:19, 20:19 и 15:17.
Очајната игра во одбраната, пред се во првиот дел кога Куманово прими дури 62 поени, е главната причина за овој пораз.
На Куманово не му помогнаа ниту фантастичниот Александар Костовски кој средбата ја заврши со 33 поени и 6 асистенции (22 поени во прво полувреме). Вукашин Мандиќ имаше учинок од 18 поени и 6 скокови, а Урош Лучиќ имаше 12 поени (само 2 во второ полувреме) и 8 скокови.
Вернон Тејлор со 32 поени од кои 25 во прво полувреме, беше најефикасниот во редовите на бугарската екипа.
По овој пораз Куманово своето место полуфиналето на БИБЛ лигата ќе го бара преку реванш натпреварот пред својата публика закажан за 11 март.
Утре својот прв четвртфинален меч ќе го играат романската Крајова и Сигал од Приштина.
Потсетување дека победниците од овие натпревари ќе обезбедат пласман во полуфиналето во кое веќе се пласираа гевгелиски Кожув и екипата косовската екипа Пеќ.