Куманово поразен од Пеќ во дуел од БИБЛ лигата

Од:

Кошаркарите на Куманово се поразени од екипата на Пеќ во натпревар од регионалната Балканска лига (БИБЛ). Кумановци вечерва пред својата публика загубија од Пеќ со 93:83 во натпревар од 6.коло на А групата.

Иако првото полувреме Куманово го доби со 40:35, сепак во вториот дел косовскиот тим предводен од Јан Моник кој постигна 28 поени направи комплетен резултатски пресврт.

23-те поени на Вукашин Маниќ и 20–те на Урош Куковиќ не му помогнаа на Куманово да го избегне вториот пораз сезонава во БИБ лигата.

Вториот македонски претставник во ова натпреварување, Кожув славеше победа на гостувањето во Бар, Црна Гора, кај Морнар со 75:67.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос