Куманово подобар од Струмица

Од:

Кошаркарите на Куманово ја остварија втората победа во Супер лигата. Кумановци вечерва пред својата публика ја совладаа екипата на Струмица со 81:73 во натпревар од 5. коло.

Творци на победата за Куманово беа: Иван Мишковиќ со 20 поени, Урош Луковиќ кој постигна 15, додека Вукашин Мандиќ и Немања Врањеш придодадоа по 13 поени.

Во редовите на Струмица воедно и на натпреварот најефикасен беше Немања Арсиќ кој средбата ја заврши со 27 постигнати поени.

Потсетување, вчера МЗТ Скопје и Кожув ја искористија предноста на домашниот терен и ги поразија Лирија и Работнички. МЗТ Скопје Аеродром убедливо со 90:71 ја порази Лирија, а тимот на Кожув славеше против Работнички со 83:77.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 5-0 (победи-порази), Кожув 4-1, Куманово 2-3, Лирија 2-3, Работнички 2-3 и Струмица 0-4.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос