Куманово подобар од Фени

Од:

Со натпреварите во Куманово и Гевгелија вчеравечер стартуваше 8 коло во Првата македонска кошаркарска лига.

Во дербито на колото Куманово како домаќин со старо новиот кормилар Страшо Тодоровиќ славеше победа над Фени Индустри од 85:76.

Добрата игра во воведните десет минути на кошаркарите на Куманово беше пресудна за конечниот епилог на мечот. Во првата четвртина кумановчани постигнаа 32 а примија само 17 кошеви.

Страшо Тодоровиќ имаше успешен камбек на кормилото на кумановци, предводејќи ги до убедлива победа над незгодниот ривал од кого претрпеа пораз на самиот старт од сезонава. Предводници на Куманово до триумфот над Фени беа Александар Костоски и Урош Луковиќ со по 27 односно 21 поен, кај гостите од Кавадарци најефикасни се Тубак со 21 и Враговиќ со 17 поени.

Лидерот Карпош Соколи ја забележа и седмата победа во елитната конкуренција. На гостувањето кај дебитантот Бест водечкиот тим во нашата Прва лига извојува лесна победа од убедливи 96:78.

Поради обврските на Кожув во БИБЛ лигата на 16 декември, гевгеличани  дуелот од 10 коло против МЗТ Скопје ќе го одиграат на 3 декември, а натпреварот меѓу Струмица и МЗТ Скопје Аеродром од 8 коло ќе се одигра на 15 или 16 декември.

Во меѓувреме, Работнички утре на домашен терен ќе игра со Кожув.
Табела:
1.Карпош Соколи 15 бодови,
2.МЗТ Скопје Аеродром 13,
3.Фени Индустри 12,
4.Куманово 12,
5.Кожув 11,
6.Работнички 10,
7.Струмица 9,
8.Бест 8.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос