Куманово му го нанесе вториот пораз на Карпош Соколи

Од:

Во дербито на 10.коло од Првата македонска кошаркарска лига, Куманово со 93:80 му го нанесе вториот пораз на досегешниот лидер на табелата Карпош Соколи.

Со одлична игра од почетокот до крајот на средбата Куманово пред полни трибини заслужено победи уште еден конкурент за врвот во македонскиот шампионат.

Клучната предност кумановчани ја направија во втората четвртина која ја добија со 28:19.

Кошаркарите на Карпош вечерва немаа одговор во одбраната за ударното трио на домаќините Бојан Трајковски, Александар Костовски Вукашин Мандиќ.

Последното засилување на Куманово, репрезентативецот Трајковски со дабл -дабл ефект, 29 постигнати кошеви и 10 скока беше првото име на дербито,Мандиќ и Костоски постигнаа по 17 односно 16 поени.
Кај поразениот Карпош , најефикасни се центрите Антон Казарновски Душан Кнежевиќ со 18 односно 16 кошеви.

На другите три дуели од оваа рунда:
Работнички – Фени Индустри 59:76,
Струмица – Бест 101:72 и
Кожув – МЗТ Скопје Аеродром 59:68.

Води МЗТ со ефект 8-1 (победи-порази), пред Карпош Соколи со 8-2, Фени Индустри со 6-4,…

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос