Кошаркарите на Куманово му го нанесоа првиот пораз на бугарскиот тим Рилски спортист во регионалната Балканска лига (БИБЛ).
Во дуел од 5.коло на А групата, одигран вечерва, Куманово со 89:82 го победи тимот од Самоков.
Македонскиот репрезентативец Александар Костовски постигна 29 поени, а Србинот Саша Аврамовиќ придодаде 24.
Во првиот меч од оваа група одигран денеска во Никшиќ, црногорското дерби убедливо го доби Сутјеска совладувајќи го Теодо со 82:55.
Со третиот триум комановци ја презедоа првата позиција на табелата до 7 бодови колку што има и Рилски спортист, а по нив следуваат, Пеќ со 6, Сутјеска и Теодо со 4.
По овој пораз на Рилски спортист и вчерашниот убелив триумф на Кожув против Влазнија (80:52), гевгелиската екипа е единствената во БИБЛ конкуренцијата која досега има максимален учинок, односно нема претрпено пораз.