Куманово ја оствари втората победа во БИБЛ лигата

Од:

Кошаркарите на Куманово ја забележаа втората победа во регионалната Балканска лига (БИБЛ).

На средбата одиграна попладнево, а во рамките од 2.коло на А групата, Куманово пред својата публика го совлада црногорскиот тим Сутјеска со 97:87.

Победникот беше решен во последниот период кој започна со израмнет резултат 67:67. Благодарение на одличната игра во нападот, и уфрлените 30 поени во последната четвртина, екипата на Куманово на крајот се радуваше на втората победа во исто толку одиграни средби во БИБЛ.

Покрај Куманово максимални две победи досега има и бугарската екипа Рилски спортист.

Во вториот натпревар од оваа група вечерва играа косовскиот тим Пеќ и Теодо од Црна Гора.

Вториот македонски претставник во Балканската лига, екипата на Кожув е слободен во оваа рунда.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос