Куманово израмни против Карпош Соколи, МЗТ Скопје на чекор до финалето

Од:

Екипата на Куманово го изедначи резултатот на 1-1 во победи против Карпош Соколи, додека МЗТ Скопје Аеродром веќе има водство од 2-0 против Фени Индустри во полуфиналето од плеј-офот на кошаркарскиот шампионат на Македонија.

Куманово до првиот триумф над Карпош Соколи стигна пред својата публика во мечот кој го доби со 66:63.

Репрезентативниот тандем Трајковски-Костовски беа најзаслужни за оваа победа на кумановската екипа. Бојан Трајковски средбата ја заврши со дабл-дабл ефект од 12 поени и 13 скокови, додека Александар Костовски на 13 поени придодаде и шест асистенции.

Во Кавадарци, Фени Индустри иако водеше во најголемиот дел од натпреварот против бранителот на титулата, на моменти и со двоцифрена предност, сепак во последната четвртина актуелниот шампион успеа да направи пресврт и на крајот да слави со 91:87 за водство од 2-0 во победи.

Најзаслужни за победата на МЗТ беа Урош Локовиќ со 31 поен и 17 скокови и Данило Мијатовиќ кој постигна 26 поени.

Полуфиналната серија која се игра во три добиени натпревари продолжува утре со третите натпревари кои ќе се играат во Скопје.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос