Со натпреварот меѓу Куманово и Карпош Соколи што се игра вечерва во Куманово од 19 часот ќе биде комплетирано 10. коло од Првата лига во кошарка. Лидерот на табелата Карпош Соколи гостува кај Куманово, кој пак игра променливо во досегашниот дел од шампионатот.
На вчера одиграните натпревари Фени Индустри во Скопје го победи Работнички со 76:59 (играно без гледачи поради казната на Работнички) и Струмица – Бест 101:72. Порано беше одигран дуелот Кожув – МЗТ Скопје Аеродром 59:68.
Во среда ќе се одигра и одложениот натпревар од 8.коло Струмица – МЗТ Скопје Аеродром.
Табела: Карпош Соколи 8-1 (победи-порази), МЗТ Скопје 8-1, Фени Индустри 6-4, Кожув 5-5, Куманово 4-5, Работнички 4-6, Струмица 3-6, Бест 0-10.