Eкипата на Куманово славеше победа над Карпош Соколи во дерби дуелот од 24. коло на Првата македонска кошаркарска лига.
На средбата одиграна вечерва во Куманово, кошаркарите на Куманово слалева триумф со 94-88 со кој се доближија на само една победа помалку од вечерашниот ривал во трката за второто место на табелата.
Дури петмина кошаркари кај домаќините средбата ја завршија со двоцифрен број поени, а најефикасен беше Бојан Трајковски, кој покрај 26 поени имаше и 11 скокови. По 13 поени постигнаа Караџовски, Симоновски и Мандиќ, а Костовски реализира еден помалку (12).
Kај поразената екипа најефикасен беше Дарко Соколов со 18 поени, додека по 14 придодадоа: Казарновски, Шнер и Кнежевиќ.
Во вториот натпревар одигран во Гевгелија екипата на Кожув очекувано и убедливо ја совлада Струмица со 87-57 со што гевгелиската екипа го обезбеди своето учество во разигрувањето, осносно плејофот.
На натпреварите одиграни вчера, МЗТ Скопје Аеродром го доби дербито против Рабтнички со 81-71, додека Фени Индустри забележа очекувана победа на гостувањето во Гевгелија над Бест со 81-63.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 22-2 (победи-порази), Карпош Соколи 17-7, Фени Индустри 16-8, Куманово 16-8, Работнички 10-14, Кожув 10-13, Струмица со 4-19, Бест 0-24.