Откако вчера беше комплетирано 15.коло во Првата македонска машка кошаркарска лига, веќе денеска на програмата е првиот меч од 16-тата рунда.
Со натпреварот меѓу Куманово и Фени Индустри кој ќе се игра вечерва од 19 часот во Куманово, започнува четиридневната програма од 16-тото коло.
Во истиот термин (19 часот) утре во Гевгелија, екипата на Кожув ќе биде домаќин на второ пласираниот Карпош Соколи.
В недела, повторно во Гевгелија кај Бест гостува Работнички, а колото ќе биде комплетирано дури во среда (10 февруари) со мечот МЗТ Скопје Аеродром – Струмица. Овој натпревар ќе се игра подоцна од останатите поради настапот на шампионот во регионалната АБА лига, во која во понеделник во „Јане Сандански’’ МЗТ Скопје го пречекува лидерот на табелата Будуќност.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 14-1 (победи-порази), Карпош Соколи 12-3, Куманово 10-5, Фени Индустри 9-6, Кожув 7-8, Работнички 5-10, Струмица 3-12 и Бест 0-15.