Куманово бара одложување на дуелот со Работнички

Од:

Актуелната безбедносна ситуација во Куманово е причината поради која раководството на кошаркарскиот клуб Куманово побара од Македонката кошаркарска федерација (МКФ) претстојниот натпревар од Супер лига против Работнички, да биде одложен.

Кумановци денеска писмено од МКФ побара одложување на средбата со Работнички, која според календарот е закажана за во среда.

– Ве известуваме дека добивме писмо од МВР Куманово каде поради безбедносни причини бараат да се одложи или одигра во друг град првенствениот натпревар КК Куманово – КК Работнички, кој требаше да се игра во среда, 13.05.2015 година во 19:00 часот. Бараме натпреварувачката комисија да го одложи натпреварот за една седмица, а плејофот да започне два или три дена покасно. Натпреварот против Работнички ни е многу важен бидејќи одлучува кое место ќе бидеме пред плејофот и тоа дали ќе бидеме втори, трети или четврти. Затоа, не можеме да прифатиме мечот да се одигра на друго место’’, се вели во дописот на Куманово до МКФ, поткрепено со официјалниот допис кој го добија од МВР.

Дуелот меѓу Куманово и Работнички е во рамките од претпоследното 9.коло на Супер лигата, а двете екипи заедно со МЗТ Скопје Аеродром и Фени Индустри, веќе го обезбедија своето учество во плејофот.

Единствено, останува отворено прашањето, која екипа од која позиција ќе го започне разигрувањето, како и кои ќе бидат полуфиналните двојки.

Табела: *МЗТ Скопје А. 42 бодови, *Работнички 41, *Куманово39, *Фени Индустри 38, Карпош Соколи 36 и Кожув35 .

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос