Крка загуби во Загреб, МЗТ може до петтата позиција

Од:

Фаворитот Цедевита ја совлада Крка и му овозможи на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром со евентуален триумф утре против Мега, по 17.коло да се искачи на петтото место во регионалната кошаркарска АБА лига.

Претходно во отворањето на колото Металац во Ваљево ја победи Сутјеска.

Резултати на првите две средби од 17.коло во АБА лигата:

Металац – Сутјеска 84:78 и
Цедевита – Крка 70:60.

Денеска играат:

Тајфун – Црвена звезда и
Партизан – Игокеа.

Двојките за утре се:

МЗТ Скопје – Мега и
Задар – Будуќност.

Последниот натпревар за 2015 година во АБА лигата е закажан за вторник меѓу Олимпија и Цибона.

Табела: Будуќност 14-2 (победи-порази), Цедевита 14-3, Црвена звезда 12-4, Мега Лекс 10-6, Крка 8-9, МЗТ Скопје 7-9, Тајфун 7-9, Задар 7-9, Металац 7-10, Унион Олимпија 6-10, Партизан 6-10, Цибона 6-10, Игокеа 5-11, Сутјеска 5-12.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос