Крис Пол: Треба да се ставиме крај на проблемите со системскиот расизам и полициската бруталност во САД

Од:

Кошаркарот на Оклахома и претседателот на синдикатот во играчи во НБА, Крис Пол, даде свое видување за ситуацијата во САД. -Неопходно е да се стави крај на проблемите со системскиот расизам и полициската бруталност во нашата земја, вели Пол во изјавата на официјалната веб-страница на синдикатот на играчи во НБА.

Работата на лигата и синдикатот е да се користи колективна платформа за истовремено да се потенцираат проблемите и да се работи на промена на ситуацијата. Ние, како играчи, имаме водечка улога кога станува збор за користење на нашиот глас и за спроведување практични решенија. Како и да е, на долг рок ни претстои многу работа, што треба да помогне да се постигнат реални и трајни промени во општеството, смета кошаркарот.

Во Америка се одржуваат протести против полициската бруталност против црнците. Тие започнаа по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина откако полицаец го задуши со коленото.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он