Кожув со пораз ја заврши првата фаза во БИБЛ лигата

Од:

Македонскиот претставник во Балканската кошаркарска лига (БИБЛ) екипата на Кожув со пораз ја заврши првата фаза регионалната конкуренција.

Во натпревар одигран попладнево во Стара Загора, а во рамките од 6.коло на А групата, гевгелиската екипа загуби од бугарскиот тим Берое со 78:73.
Иако Кожув во најголемиот дел од мечот имаше резултатска предност, сепак клучен беше последниот период, кој му припадна на домаќинот со 20-10, па негативата од пет поени тимот на Берое го претвори во позитива од пет.
Ниту Брендон Пен со своите 24 поени, односно Александар Стерјов со 16, не му помогнаа на Кожув да го избегне четвртиот пораз сезонава во шестиот одигран меч.

Со пораз Кожув најверојатно ќе заврши како трето пласиран во А групата, а заедно со Морнар и Сигал Приштина ќе продолжат во втората, четвртфинална фаза.

Сепак, гевгелиската екипа ќе мора да ги почека резултатите од Б конкуренцијата, па дури тогаш ќе ги дознае своите противници во втората фаза на БИБЛ лигата.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос