Кожув сигурен против Водњански лисици

Од:

Екипата на Кожув ја постигна втората победа во Првата кошаркарска лига откако синоќа во Гевгелија го совлада тимот на Водњански лисици со 93:74 (30:17; 18:27; 23:10; 22:20). Најефикасни со по 17 поени беа Филип Сепа (Кожув) и Андреј Биљановски (Водњански лисици). Тимот на Водњански лисици е единствениот без победа во Првата лига.

Во петокот Куманово во дербито го совлада Фени Индустри со 97:90. Поради изречената казна од страна на комесарот за натпревари Работнички е исклучен од лигата и до решавање на жалбата од страна на Арбитражната комисија неговите натпревари ќе бидат одложени. Така овој викенд не се одигра дуелот Струмица – Работнички, а МЗТ Скопје Аеродром и Гоце Делчев ќе играат во среда. Слободна во ова коло е екипата на Карпош Соколи.

На врвот на табелата е Куманово со 9 бодови, Фени Индустри има 8, а Карпош Соколи 7.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос