Кожув се избори за „мајсторка“ против Работнички во полуфиналето од плејофот на домашното кошаркарско првенство.
На средбата одиграна вечерва во Гевгелија домашната екипа славеше победа со 87:51.
Во победничката екипа дури петмина кошаркари постугнаа двоцифрен број на поени, а најмногу Чуповиќ 16.
За гостите Колман и Кнежевиќ постигна по 14 поени.
Со овој триумф Кожув го израмни резултатот на 1:1 во меѓусебните дуели од полуфиналето, со што се избори за решавачкиот трет дуел кој ќе се игра во Скопје веќе во петок.
Втората средба меѓу Лирија – МЗТ Скопје Аеродром по барање на МВР наместо денеска ќе се одигра во четврток.