Кожув продолжува победнички во БИБЛ лигата

Од:

Кошаркарите на Кожув ја продолжуваат победничката серија во регионалната Балканска лига (БИБЛ).

Тие вечерва пред својата публика ја победија црногорската екипа Сутјеска со 79:76, во натпревар од 1.коло на новоформираната Д група.

Иако речиси во текот на целиот натпревар гостите од Никшиќ го контролираа резултатот, а имаа и највисоки 13 поени предност, сепак гевгеличани беа оние кои на крајот се радуваа.

До победата Кожув стигна со фантастична серија 9:0 во завршните две и пол минути во кои влезе со негатива од 8 поени (68:76).

До деветата победа во БИБЛ лигата сезонава, Кожув го предводеа, Алексеј Нешовиќ и Филип Сепа кои средбата ја завршија со по 15 постигнати поени.

Покрај овој натпревар вечерва се игра и дуел од Ц групата, во кој косовскиот тим Пеќ е домаќин на Морнар од Бар, Црна Гора.

Утре на програмата се два натпревари. Во рамките на Ц групата вториот македонски претставник во БИБЛ, екипата на Куманово е домаќин Крајова од Романија, а во Д групата ќе играат Рилски спортист – Сигал.

Ц група – табела: Пеќ 4 бодови, Крајова 3, Морнар 3 и Куманово 2.

Д група – табела: Кожув 6 бодови, Сутјеска 4, Рилски спортист 3 и Сигал 2.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос