Кожув последен полуфиналист во националниот куп

Од:

Домаќинот Кожув ќе биде противникот на МЗТ Скопје Аеродром во втората полуфинална пресметка од кошаркарскиот Куп на Македонија што се одржува во Гевгелија. Во последното четврфинале синоќа кошаркарите на Кожув го совладаа Фени Индустри со 68:56.

Победникот беше решен во последните две минути кога домашните кошаркари успеаја да го скршат отпорот на цврстиот Фени Индустри и да слават победа за место меѓу четирите најдобри екипи во националниот Куп.

Најефикасен играч на Кожув беша Брендон Пен со 19 поени, Карло Враговиќ постигна истотолку за кавадаречката екипа.

Кожув како и минатата година за место во големото финале од Купот на Македонија ќе игра против првиот фаворит за трофејот МЗТ Скопје Аеродорм. Овиј дуел се игра вечер од 21 часот.

Претходно, во првото полуфинале од 18:30 часот се среќаваат Карпош Соколи и Куманово.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос