Кошаркарите на Кожув вечерва во Бар ќе го одиграат реванш натпреварот против Морнар во полуфиналето од регионалната Балканска лига (БИБЛ).
Единствениот македонски претставник во БИБЛ, Кожув е на чекор до пласман во финалето на ова натпреварување, а за остварување на целта гевгелиската екипа ќе треба да ја сочува предноста од 15 поени разлика, остварена на првиот меч пред својата публика, кога го победи Морнар со 86:71.
Натпреварот Морнар – Кожув ќе се игра вечер со почеток од 18 часот и 30 минути.
Утре својата реванш полуфинална средба ќе ја одиграат Сигал Приштина и Берое во кој актуелниот шампион Сигал ќе влезе со предност од 14 поени.