Кожув му го нанесе 12. пораз на Бест

Од:

Екипата на Кожув славеше очекувана победа над Бест во првиот натпревар од 12. коло на Првата македонска кошаркарска лига.

Локалното гевгелиско градско дерби, го доби Кожув со 82:69, по четвртини 27:24, 9:20, 24:11 и 22:14, со што ја запиша својата шеста победа сезонава, додека Бест е се уште без триумф и со 12 порази.

Во редовите на победникот најефикасен беше Александар Штерјов со 21 постигнати поени, додека Американецот, Брендон Пен имаше „дабл-дабл“ од 15 поени и 14 скокови.

Во поразената екипа се истакна Тајрон Харис со 33 поени.

Другите натпревари од оваа рунда се играат претстојниот викенд:
Работнички – МЗТ Скопје Аеродром,
Куманово – Струмица и
Фени Индустри – Карпош Соколи.

Табела: Карпош Соколи 9-2 (победи-порази),  МЗТ Скопје 9-1, Кожув 6-6, Куманово 6-5, Фени Индустри 6-4, Работнички 5-6, Струмица 3-8 и Бест 0-12.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос