Кожув ја пречекува Сутјеска во дуел од БИБЛ лигата

Од:

Во регионалната кошаркарска Балканска лига (БИБЛ) денеска и утре се играат првите средби во новоформираните групи.

Кошаркарите на Кожув, кои првиот дел од сезоната го завршија со максимален број на победи, вечерва пред својата публика од 19 часот, ја пречекуваат црногорската екипа Стутјеска од Никшиќ.

Ова е дуел од Д групата во која утре ќе играат Рилски спортист и Сигал Приштина.

Вториот македонски претставник во БИБЛ лигата, Куманово својот натпревар од 1.коло во Ц групата ќе го игра утревечер (19 часот) и тоа на домашен терен против романската Крајова. Во првиот меч од оваа група вечерва играат Пеќ и Морнар.
Ц група – табела: Пеќ 4 бодови, Крајова 3, Морнар 3 и Куманово 2.

Д група – табела: Кожув 4 бодови, Рилски спортист 3, Сутјеска 3 и Сигал 2.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос