Со натпреварот меѓу Кожув и Карпош Соколи што се игра денеска во Гевгелија ќе стартува новиот шампионат на Македонија во кошарка. Почетокот на натпреварот е во 20 часот и 30 минути.
Два натпревара ќе се играат в недела, а тоа се дуелите Водњански лисици – Гоце Делчев и Струмица – Куманово.
Поради обврските на шампионот МЗТ Скопје Аеродром кон АБА лигата и гостувањето кај Будуќност средбата МЗТ Скопје Аеродром – Фени Индустри е закажана за во среда на 15 октомври.
По откажувањето од лигата на Т-Баскет од Тетово, во првото коло слободен е тимот на Работнички.