Кошаркарите на Кожув вечерва од 19 часот и 30 минути и гостуваат на Приштина во првиот натпревар од полуфиналниот двомеч во Балканската лига.
Без Слободан Дунџерски во екипата, кој нема право за настап во БИБЛ, избраниците на Милош Пејиќ се наоѓаат пред голем предизвик против силниот противник, кој е предводен од Македонците Бојан Трајковски (крилен центар) и Марјан Илиевски (тренер).
Шесте победи по ред со кои Приштина влегува во овој натпревар само потврдуваат дека домаќинот на денешната средба е во одлична форма и дека сигурно ќе сака да го покаже најдоброто за да обезбеди прво финале во БИБЛ.
Кожув и Приштина сезонава веќе одиграа две средби во рамки на првата фаза, а во двата натпревари победи Кожув и тоа со 100:87 во Приштина, односно со 93:78 во Гевгелија.