Кожув го совлада Морнар во првиот меч од полуфиналето на БИБЛ лигата

Од:

Кошаркарите на Кожув забележаа победа над Морнар во првиот меѓусебен натпревар од полуфиналето на регионалната Балканска лига (БИБЛ).

На средбата одиграна вечерва во Гевгелија, единствениот македонски претставник во БИБЛ лигата, Кожув го совлада црногорскиот тим Морнар со 86:71 по четвртини 23:18, 23:22, 16:23 и 24:8.

Во редовите на Кожув најефикасен беше Владимир Брчков кој натпреварот го заврши со 22 постигнати поени, додека Алексеј Нешовиќ постигна 14.

Со оваа победа Кожув не само што му се реваншира на Морнар за двата порази во регуларниот дел од сезоната, туку гевгелиската екипа направи и исчекор кон пласман во финалето.

Реванш натпреварот во Бар ќе се игра на 29 март.

Утре, својата прва полуфинална пресметка ќе ја имаат екипите на Берое и актуелниот шампион на БИБЛ лигата Сигал Приштина.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос