Кожув домаќин на Сигал во дуел од БИБЛ лигата

Од:

Македонскиот претставник во регионалната кошаркарска Балканска лига (БИБЛ) екипата на Кожув, вечер е домаќин на актуелниот шампион Сигал Приштина.

Во натпревар од 5.коло на групата А, гевгелиската екипа ќе има тежок предизвик, да го совлада косовскиот тим кој во првиот меч одигран во Приштина, во втората половина на октомври, забележа убедлива победа со 88:60.

Кожув на изминатите четири средби оствари само една победа и тоа на домашен терен против бугарскиот тим Берое, а покрај поразот од Сигал, двапати беше поразен и од црногорската екипа Морнар.

Почетокот на натпреварот Кожув – Сигал Приштина е закажан за 19 часот.

Вчера во првиот меч од оваа група меѓу Бероа и Морнар победа дури по продолжението оствари екипата од Црна Гора со 95:93.

Табела: Морнар 5-0 (победи-порази), Сигал Приштина 2-1, Кожув 1-3 и Берое 0-4.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос