Кожув домаќин на Левски во дуел од БИБЛ лигата

Од:

Единствениот македонски претставник во регионалната кошаркарска Балканска лига, Кожув вечерва пред својата публика во Гевгелија ја пречекува бугарската екипата Левски.
Овој дуел за гевгелискиот тим доаѓа по тешките натпревари во националниот Куп на Македонија чиј успешен организатор беше токму Кожув.

Тренерот на тимот Марјан Илиевски верува дека неговите избраници ќе ги корегираат слабостите кои се провлекоа во куп натпреварите и дека ќе успеа да ја совладаат екипата од Софија.

– Не чека тежок натпревар против Левски на домашен терен. Верувам дека оваа екипа има капацитет да ги подобри работите кои ни се слаби во моментов. Ќе работиме на тоа и мислам дека секоја победа, па и пораз ќе ни биде допоолнителен мотив за да играме покваклитетно во иднина, изјави Илиевски.

Ова е натпревар од 3.коло во четвртфиналната група „Д“ во која утре ќе играат Сигал Приштина и Пеќ.

Во пресрет на ова коло, на табелата води Сигал со 4 бодови, пред Пеќ и Левски кој имаат по 3, а Кожув е последен со 2 бода.

Натпреварот Кожув – Левски ќе започне од 19 часот.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос