Кожуф со пресврт славеше на гостувањето кај Крајова

Од:

Екипата на Кожув ја забележа и втората победа во регионалната кошаркарска Балканска лига.

Во дуел од 2. коло на БИБЛ лигата, гевгелискиот тим на гостувањето против романската Крајова, со неверојатен пресврт во завршните три минути оствари победа со 87:84.

Домашниот тим, кој во последната четвртина во неколку наврати имаше и двоцифрена предност, на три минути до крајот водеше со осум поени разлика (82-74). Сепак, гевгеличани не се предадоа, па со серија од 13:2 направија неверојатен пресврт и славеа победа со конечни 87:84.

Четворица кошаркари кај Кожуф средбата ја завршија со двоцифрен број на поени. Најефикасен беше Милан Јањушевиќ со 19, Драшко Албијаниќ постигна 16, а Миладин Пековиќ и Филип Сепа придодадоа по 15, односно 12 поени.

Ова беше натпревар од групата Б, во која утре ќе играат Морнар и Сигал Приштина
Вториот македонски претставник во БИБЛ лигата, екипата на Куманово која настапува во А групата, е слободна во ова коло. Во оваа група денеска се играат средбите Сутјеска – Пеќ и Рилски спортист – Теодо.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос