Ковач: Минуваме низ фаза, превирањата не се толку драматични

Од:

Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач изјави дека неговиот тим поминува низ една вообичаена фаза и дека во јавноста се предимензионираат тензиите кои ги има во клубот.

– Не барам изговори, но и други клубови поминувале низ вакви фази. Во моментов е значајно само колку ќе трае тоа. Во Баерн секогаш постои притисок, бидејќи мора да се победува. Притисокот може да се гледа и како предизвик, а играчите ќе мора повеќе да се ангажираат за да постигнат успех, истакна Ковач.

Германските медиуми објавија дека по три натпревари без победа ситуацијата во Баерн Минхен е тензична, а во клубот се зголемува сомнежот кон тренерот.

Наводно дел од играчите отворено искажале револт, а Хамес Родригез најавил дека посакува да си замине од клубот.

– Лошата атмосфера во тимот е внесена од надвор. Сите играчи сакаат да играат, но ако еден игра, другиот е разочаран и тоа е нормално. Сепак нема такви драматични превирања. Сите сме разочарани, но мора да се соочиме со реалноста, истакна тренерот.

Претходно и претседателот на Баерн, Ули Хенес, јавно го предупреди Ковач дека мора да почне да победува.

Би можело да ве интересира

Бизарна причина го кочи големиот трансфер

Предраг Петровиќ

Баерн казнет со 200.000 евра поради непочитување на прописите за минимална плата

Горан Наумовски

Садио Мане удри соиграч по поразот од Манчестер Сити

Баерн е на врвот, но „милионерите“ се само три чекори назад

УЕФА ги казни Баерн и Селтик

Матијс Тел влезе во историјата, а Штутгарт освои бод против Баерн