Костовски: Ако ја победиме Хрватска ќе биде супер, ако не никому ништо

Од:

Најдобриот македонски играч во досегашниот дел од Евробаскетот Александар Костовски за вечерашниот натпревар против ко-домаќинот Хрватска очекува тежок меч на кој противникот е голем фаворит па позитивен резултат за „црвено-жолтите“ би бил извонреден успех.

– Хрватска е апсолутен фаворит, тим кој оди на медал. Ние ќе се обидеме да изненадиме, но нема психолошки да паднеме и во случај да изгубиме, бидејќи ова ќе биде еден вид генерална проба пред одлучувачкиот натпревар со Грузија. Ако победиме ќе биде супер, ако не никому ништо, изјави Костовски.

Тој со постигнати 33 поени на првите два натпревара и 65% шут е убедливо најдобриот играч на Македонија.

Селекторот Марјан Србиновски покрај Костовски на плејмејкерската позиција го има и капитенот Владо Илиевски кој не е целосно заздравен во пресрет на средбата со „коцкестите“. Сепак се очекува Илиевски да му биде на располагање на македонскиот селектор.

Во хрватскиот состав со сигурност ќе го нема Богдановиќ кој во 1.коло доби незгоден удар во главата и поради тоа го пропушти дуелот од 2.коло.

Македонија и Хрватска во пресрет на вечерашниот меѓусебен натпревар (21 часот) имаат по една победа и еден пораз.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос