Костадинов нов член на полски Пјаст Гливице

Од:

Полскиот прволигаш Пјаст Гливице е новиот клуб на македонскиот фудбалски репрезентативец Тихомир Костадинов, кој потпиша договор до лето 2025 година.

Костадинов изминатите четири сезони настапуваше за словачки Ружемберок, во чиј дрес одигра 104 натпревари и постигна 11 голови.

Новиот клуб на 25-годишниот македонски играч за врска во својата историја има една шампионска титула, во сезоната 2018/19, а во тековното полско првенство во моментов е на 12. место со 23 бодови.

– За мене ова беше лесна одлука и чекор напред во мојата кариера. Пјаст е голем клуб и полската Екстракласа е силна лига. Доаѓам во клуб кој не така одамна го освои шампионатот. Сакам да постигнувам голови за клубот и да помогнам во следните натпреварите, порача Костадинов во изјава за клупскиот сајт на полскиот прволигаш од Гливице.

Би можело да ве интересира

Сикорски: Мора да се подготвиме за уште една руска агресија до 2030 година

Во Полска пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани

Драма во Полска: Туристи затрупани под снежна лавина, спасувачите не ја знаат точната бројка

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска