Кошаркарскиот сојуз на Косово стана 215. членка на Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА).
Одлуката е донесена на седницата на Извршниот комитет на ФИБА, а како што тврдат во светската „куќа на кошарката“, врз основа на одлуката на Меѓународниот олимписки комитет кој во декември 2014 година го прими Косово во своето членство.
ФИБА најави дека интеграцијата на Косово ќе почне со прием на селекциите од оваа земја на меѓународните натпреварувања.