Кошаркарско дерби во Гевгелија

Од:

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва во Гевгелија против Кожув го игра натпреварот од 6.коло од Првата лига. Ова воедно претставува и дерби, бидејќи победникот од дуелот ќе остане во горниот дел од табелата. Почетокот на натпреварот е во 19 часот.

По конечната разврска на прекинатиот дуел меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром, тимот од „Градски парк“ конечно ќе се врати на терен. Работнички гостува во Струмица кај истоимената екипа, а почетокот на натпреварот е во 18:30 часот. Овој натпревар е од 5.коло.

По неколкуте неодиграни натпревари табелата го има следниот изглед:

1. Фени Индустри 10 бодови (6 натпревари),
2. Куманово 9 (5),
3. Карпош Соколи 9 (5),
4. МЗТ Скопје Аеродром 7 (4),
5. Гоце Делчев 7 (6),
6. Кожув 6 (4),
7. Водњански лисици 6 (6),
8. Работнички 4 (3),
9. Струмица 4 (3).

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос