Кошаркарските прволигаши му изгласаа недоверба на Комесарот за натпреварување

Од:

Здружението на кошаркарски прволигаши го разреши од должност Комесар за натпреварување Бобан Јосифовски.

– Заради констатирање на неправилности во работата, Здружението на прволигаши го разреши комесарот Бобан Јосифовски од функцијата.

Предлог на Здружението е, до назначување на нов Комесар, работата да ја извршува Комисија за натпреварување во состав – националниот ФИБА инструктор Ѓорѓи Пиперков и техничкиот секретар Горан Трпушевски, се вели во соопштението објавено на официјалната веб-страница на МКФ.

Најголемото незадоволство на прволигашките екипи се одлуките на Јосифовски околу случајот Работнички.

Најпрво клубот од „Градски парк“ поради одбивање да го продолжи натпреварот со МЗТ Скопје беше преселен во Третата лига, а потоа беше вратен во Првата лига.

Јосифовски за виновни во случајот ги прогласи  претседателот на Работнички Горан Геровски и членовите на стручниот штаб Марин Докузовски и Марјан Србиновски и ги казни со времени суспензии.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос