Кошаркарските сојузи (федерации) од регионот, а меѓу нив и Македонската кошаркарска федерација, на денешната средба во Белград, ја потврдија поддршката што и ја даваат на ФИБА во борбата за зачувување на интересите на европската кошарка и постоење на натпревари засновани на спортските критериуми.
Како што се наведува во заедничкото соопштение на кошаркарските организациите на Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Србија, сите федерации се согласуваат дека го поддржуваат постоењето на регионална лига, која ќе се организира со почитување на националните првенства и календарот на натпревари, а сопственичката структура треба да се регулира по моделот кој го применува ФИБА кај Б Лигата на шампионите.
Исто така, на средбата беше договорено дека во идните преговори со ФИБА да се обезбеди учество на клубови од националните првенства и регионалната лига во европските клупски натпреварувања.