Американскиот центар Ентони Дејвис потпиша нов тригодишен договор со Лос Анџелес Лејкерс до летото 2028 година, пренесува шпанска Марка.
Тимот од Калифорнија на искусниот центар ќе му плати 186 милиони долари за три години. Станува збор за договорот со највисок годишен приход во историјата на најсилната лига во светот, со оглед на тоа што приходите на Дејвис ќе бидат просечни 62 милиони долари по сезона.
Првиот пик од драфтот на НБА во 2012 година ги помина првите седум години од кариерата во најсилната лига на светот во Њу Орлеанс, пред Лејкерси да го ангажираат во летото 2019 година.