Кошаркарките на Србија се првите финалистки на Европското првенство што се игра во Унгарија и во Романија. Тие во првото полуфинале во Будимпешта ја победија Белорусија со 74:72 (18:18, 18:20, 23:19, 15:15).
Решавачка за триумфот беше третата четвртина кога негативата од два поена од полувремето, кошаркарките на Србија ја претворија во предност. Најефикасна на натпреварот беше Ана Дабовиќ со 25 поени.
Во второто полуфинале вечерва од 20:30 часот ќе играат Франција и Шпанија.
Во дуелот за пласман од 5-8.место попладнево Русија ја победи Црна Гора со 73:65. Утре во пласман за 7.место играат: Литванија – Црна Гора и во натпревар за пласман за 5.место ќе играат: Турција – Русија.
Финалето и натпреварот за 3.место е во недела.