Кошаркарите се заканија со бојкот кон репрезентацијата

Од:

Здружението на кошаркари на Македонија (ЗКМ) денеска преку отворено писмо до Македонската кошаркарска федерација се закани со бојкот на подготовките на репрезентацијата по одлуката за зголемување на бројот на странци (вкупно шест) во клубовите од домашното првенство.

Репрезентативците најавуваат дека нема да присуствуваат на тренинзите на репрезентацијата се додека МКФ го укине правилото за шест странци.

Од ЗКМ имаат уште неколку барања како услов репрезентативците да ги почнат подготовките во националниот дрес.

– Ова писмо се доставува до одговорните лица на Македонската кошарка, како највлијателно тело одговорно директно за развојот на Македонската кошарка, а со тоа и на македонската кошаркарска репрезентација. Поттикот да се размислува што ќе се случува со иднината на кошарката во државата, откако е донесено новото правило кое дозволува настап на шест странци без ограничувања, е решено да се делува на единствениот начин кој ќе покаже како ќе изгледа нашата репрезентација за неколку години, стои во писмото на ЗКМ.

Од таму велат дека репрезентативците имаат поддршка од сите македонски играчи од нивното здружение.

Во писмото се вели дека ставот на кошаркарите е конечен, а барањата се следниве:

– Укинување на правилото за 6 странци,
– Воведување на правило за 4 странци во ростер, но максимум 3 на терен,
– Градитивна такса за странци: 500 евра за прв странец, 1000 евра за втор, 2000 за трет итн. (ова е барање со кое се заштитуваат странските играчи, барање со кое нема да можат да бидат менувани често заради висината на таксата),
– Вклучување по минимум 2 играчи од младинските состави во првиот тим,
– Вработување на квалитетни кадри во кошаркарската академија и сериозен пристап во истата.

Од ЗКМ уште додаваат дека сите мотиви за да го напишат ова писмо се од национален интерес и за подобро утре на Македонската кошарка.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос