Кошаркарите поразени од Литванија

Од:

Кошаркарската репрезентација на Македонија го претрпе првиот пораз во подготовките за Евробаскетот 2015 на гостувањето во Литванија загуби од домашната селекција со резултат 68:62, во рамки на Хуавеи купот.

Македонската репрезентација водеше во поголемиот дел од мечот, а во последната четвртина влегоа со предност од осум поени, но за жал не успеаја да го издржат притисокот на домаќините до крај и загубија. По четвртини резултатот беше следниот: 11:17, 16:15, 15:18 и 26:12.

Војдан Стојановски со 14 поени беше најефикасен кај Македонија, пред Самарџиски со 13, Костоски со 11 и Симоновски со 10 поени.

Македонската репрезентација денеска ќе се сретне со Турција во последниот натпреварувачки ден од Хуавеи турнирот во Каунас.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос