Кошаркарите на Партизан казнети на плата поради поразот во Скопје

Од:

Раководството на трофејниот српски кошаркарски клуб Партизан донесе одлука да им одбие дел од платата на играчите и стручниот штаб. Ова одлука следува по неодамнешниот пораз во Аеродром од МЗТ Скопје.

– Од ситуација да се бориме за четвртата позиција, а сега сме во борба за опстанок. Лигата е толку изедначена што со една победа се менуваат многу нешта. Можеби бевме преголеми оптимисти, но сепак можевме во овој момент да имаме повеќе бодови и подобар пласман, изјави потпретседателот на „црно-белите“ Мирослав Бериќ.

Партизан по 16 одиграни средби во регионалната лига е со ефект шест победи и 10 порази и се наоѓа во долниот дел на табелата.

Вечер во 17.коло белградскиот тим игра на домашен терен со Игокеа.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос