Кошаркарите на Кожув најуспешни на меѓународниот трунир во Солун

Од:

Кошаркарите на прволигашот Кожув од Гевгелија триумфираа на меѓународниот турнир во Солун кој изминативе два дена се одржа во организација на Асоцијацијата на кошаркарски судии во Грција.

Во претфиналниот дуел Кожув ја совлада екипата на Кавала со 71:64, а синоќа во финалето го победи солунски Ираклис со 82:77 во натпревар со рамноправна игра и резултатска неизвесност.

Во финалниот меч против Ираклис, најефикасни кај Кожув беа Јанушевиќ со 19 и Шепа со 18 постигнати поени, а голем придонес во победата имаа уште Албијаниќ со учинок од 10 поени и пет скока како и Богоев кој постигна девет поени.

Серијата пријателски средби Кожуф ќе ја продолжи во вторник на 16 септември, кога прв пат ќе се претстави пред своите симпатизери во дуелот со актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос