Канадската кошаркарска репрезентација се пласира во финалето на предолимпискиот турнир во Манила на Филипини.
Канаѓаните попладнево во полуфиналето го победија Нов Зеланд со 78:72.
До триумфот канадските кошаркари стигнаа по подобрата игра во второто полувреме, првото заврши нерешено 42:42.
Противник на Канада во дуелот за пласман на Олимписките игри во Рио, ќе биде подобриот од мечот Турција – Франција кој почна во 15 часот.