Кошаркарите на Ефес вечерва на домашен терен ја победија Барселона со резултат од 74:73 во натпреварот од 12-то коло на Евролигата.
Најефикасен играч во тимот на Ефес, предводен од српскиот тренер Игор Кокошков, беше Исаија Кордини со 14 поени, додека Ерџан Османи и Џордан Лојд постигнаа по 13.
Јан Весели се истакна за Барселона со 16 поени и осум скока, додека Вили Ернангомез постигна 10 поени.
Барселона е на седмото место на табелата во Евролигата со седум победи и пет порази, а во следното коло ќе го пречека Асвел.
Ефес е на 16-то место на табелата со резултат од 5-7 и во следното коло ќе гостува кај Монако.
