Кошаркарите ја совладаа Белгија по продолжение

Од:

Подмладената машка кошаркарска репрезентација и покрај дефицитот во поголемиот дел од мечот, на крајот успеа со храбрата тројка на Марко Симоновски да ја совладаат, во продолжението со 76:73 фаворизираната Белгија во премиерниот меч од квалификациите за Евробаскетот 2015.

Најефикасни во македонската селекција беа Бојан Трајковски и Војдан Стојановски кои постигнаа по 16 поени, а кај гостите најдобар беше Хервел кој постигна 15 поени во првото и само два во второто полувреме, што само дополнително го засилува впечатокот дека селекторот Александар Џикиќ успешно ги распореди силите на македонските репрезентативци, според нивниот психофизичка кондиција.

Се чини дека тремата најмногу им даде шанси на Белгијците кои супериорно го започнаа натпреварот, но сепак не поседуваат толкава разлика во квалитетот, којашто македонските репрезентативци со поангажирана игра во вториот дел успеаја да го надоместат дефицитот од 13 кошеви на полувремето. Па дури и доколку во завршните неколку минути од мечот данокот не го зема физичкиот напор вложен во „бркање“ на резултатот во второто полувреме, се чини гостите немаше да ги добијат неколкуте шанси да го „спасат“ мечот.

Почетокот на натпреварот мина во знакот на гостинските кошаркари, кои поведоа со за тројката на М’вема, а откако Македонија врати преку двата поена на Војдан Стојановски, следуваше серија на гостите за зголемено водство на шест поени 11:17, а до крајот на првата четвртина македонските кошаркари успеаја да намалат на 16-19.

Втората четвртина повторно почна со супериорна игра на Белгија, која со серија од 0-9 го зголеми водството 16-28. Во тој период Џикиќ се обиде со ротации да ја разигра екипата, но попусти беа сите обиди да се најде вистинската петорка. Истовремено, не функционираше ниту скокот, па на полувремето се замина со резултат од 23-36 за Белгијците.

Македонските кошаркари жестоко го започнаа третиот дел и со четирите поени во низа ја намалија двоцифрената предност на противникот, а профункционира и одбраната што ги изненади белгиските кошаркари коишто дотогаш без големи напори доаѓаа од позиции за отворен шут или за комбинирање во домашниот рекет. Преку Хендрикс, Стојановски и Трајковски македонската селекција намали на 35-38. Сепак на крајот на третиот периодот водството повторно го имаше Белгија со 45-49.

Четвртиот период го започна тројката на Симоновски за 48-49 од што затреперија и рацете на младите македонски репрезентативци па не успеаја да реализираат четири напади за преземање на водството, но за среќа ниту кошаркарите на Белгија тоа не успеаја да го искористат и повторно резултатски позначајно да се одлепат. Трајковски со погодок за три поена, го донесе резултатот на 54-56, а по двете погодени слободни фрлања и уште два поена од следниот напад Македонија на 3:43 минути пред крајот дојде до првото водство од 58-56.

Во последните минути се одигра вистинска спортска драма во која беше отворено прашањето на победникот. Откако Мукубу преку слободни фрлања израмни на 58-58, а Костоски беше храбар и погоди за три поена за најголемо водство на Македонија од 61-58. Де Зеув со серија од четири поени донесе повторно водство за Белгија 62-61, а Војдан Стојановски израмни со едно погодено слободно фрлање на 62-62. Во рулет завршницата Белгија гне поентираше во последниот напад и на шест секунди до крајот Стојановски не успеа од положување од очигледно неговата послаба лева страна да го реши дуелот во регуларниот тек.

Петминутното продолжение започна со повторно едно погодено слободно фрлање на Војдан Стојановски, но Трајковски погоди тројка. Белгијците возвратија исто така со тројка ни и со реализација на две слободни фрлања, па поведоа со со 66-67.

Во вториот дел далеку порасположениот Хендрикс, особено во маркирањето под кошот донесе ново водство за Македонија од 68-67, а откако Трајковски го блокираше Мукубу, Костоски не успеа да донесе зголемување на предноста. Тоа му успеа на Дарко Соколов со дрска тројка кој го качи резултатот на 71-69, но по грешката на Соколов во одбраната, Белгија израмни на 71-71. Истиот играч, нови ново македонско водство од 73-71, а Боско повторно израмни на 73-73. На 21 секунда до крајот македонскиот селектор Џикиќ бараше од своите играчи да го потрошат времето за последен шут, а Марко Симоновски стана јунак на мечот со тројката за 76-73 и, како што се покажа, по неуспешниот обид на гостите да возвратат со иста мерка, за победа која многу ќе значи за самодовербата на македонските кошаркари, кои на крајот покажаа дека спортската јавност треба да има доверба во нив и трпение во нивното созревање и како играчи и како екипа.

Во среда Македонија гостува кај Данска, а потоа се уште две врзани гостински натпревара во Белорусија и во Белгија.

Во вториот дуел од нашата Група Д за Евробаскетот 2015, Белорусија со 97-72 на домашен терен ја совлада Белгија.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос