Кошаркарската репрезентација на Македонија претрпе тежок пораз од Шпанија во контролнен меч кој се одигра во Мадрид.
Шпанците кои се во групата на фаворити за освојување на медал на престојниот Евробаскет славеа со 94:63.
Македонските кошаркари против Шпанија го запишаа третиот последовен пораз во подготвителниот пораз, претходно на турнирот во Литванија загубија од домаќинот и селекцијата на Турција.
Инаку Македонија подготовките ги започна со серија од четири победи.
Хендрикс со 14 поени и девет скокови беше најефикасен кај Македонија, а покрај него двоцифрен број на поени постигна и Трајковски, вкупно 11.
Шпанија ја предводеше Руди Фернандез со 14 поени, 12 постигна Хернангомез, а 10 Фелипе Рејес.