Кошаркарот на Филаделфија 76, Кели Убре доживеал сообраќајна несреќа во близина на својот дом, кога во него удрил автомобил додека ја минувал улицата.
Во него удрил автомобил додека се движел во близина на неговиот дом во Филаделфија, по што итно бил пренесен во болница.
Убре е во стабилна состојба, но голема е веројатноста дека ќе мора да закрепнува од оваа несреќа уште долго време. Според американските медиуми, локалните власти моментално го истражуваат случајот. Се уште нема детални информации и поконкретни детали за возачот на возилото што удри во познатиот кошаркар.
Во оваа сезона од НБА, Кели Убре Џуниор имаше просек од нешто повеќе од 16 поени, односно пет скока и помалку од една асистенција.