Кошарка У-18: Македонските јуниорки почнуваат против Грција

Од:

Македонската женска кошаркарска репрезентација до 18 години денеска го започнува своето учество во Б дивизијата на Европското првенство што се одржува во Босна и Херцеговина.

Избраничките на селекторот Горјан Стојановски на почетокот на шампионатот,, а во рамките а Ц групата за противнички ќе ги имаат врсничките од Грција. Покрај оваа селекција нашите јуниорки во групната фаза ќе играат и против Естонија, Ирска и Англија редоследно.

Македонската женска кошаркарска репрезентација ќе биде предводена од селекторот Горјан Стојановски, помошник селектор Енвер Мифтари и легендата на женската кошарка Стојна Вангеловска која ќе биде советник.

Комплетен распоред на натпревари:

23 Јули – сабота
18:45 Македонија – Грција ,
25 Јули – понеделник
21:00 Македонија – Ирска ,
26 Јули – вторник
16:15 Македонија – Естонија,
27 Јули – среда
16:30 Македонија – Англија.
Двете првопласирани селекции од групите четирите ќе играат во четвртфиналето, додека 3-ти и 4-то рангираните ќе разигруваат за пласман од 9 до 14 место.
Последно пласираните репрезентации ќе играат за пласман од 15 до 19 место.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос