Македонската репрезентација синоќа загуби од Турција со 77:47 во 2.коло на турнирот во Скопје за кошаркари до 16 години.
Големата разлика гостите од Турција ја направија во второто полувреме. Тие на полувреме имаа само четири поени предност. Македонија слично како и на дуелот со Русија, одигра лошо второ полувреме за на крај да доживее убедлив пораз.
Македонија вечер од 19:30 часот игра со Бугарија во рамките на последното, 3.коло од турнирот.
Меѓународниот турнир во салата на Вардар под Кале за МКФ е генерална проба пред организацијата на Европското првенство дивизија Б кое од 29 јули до 8 август ќе се одржи во Скопје.