Коронавирусот го нападна ПСЖ: Нејмар, Ди Марија и Паредес позитивни

Од:

Пандемијата ги нападна и играчите на Пари Сен Жермен, откако Нејмар, Анхел Ди Марија и Леандро Паредес добиле позитивни резултати на тестови за вирусот, соопшти клубот.

ПСЖ официјално призна тројца заразени, но не ги соопшти нивните имиња, кои ги објавија медиумите, цитирајќи неименувани извори во клубот.

Ова автоматски значи дека тројцата играчи ќе бидат изолирани најмалку 14 дена и ќе ги пропуштат натпреварите на тимот во овој период.

Откако Французите го играа финалето во Лигата на шампионите на 23 август, тие со задоцнување ќе започнат во Лига 1. Нивниот прв натпревар во шампионатот е закажан за 10 септември против Ленс.

Би можело да ве интересира

Нејмар за еден допир со топката заработува 306.000 евра

А1он

(ВИДЕО) Нејмар во солзи: „Се враќам!“

А1он

ПСЖ не планира да троши пари за нови засилувања

Нејмар нападнат од навивачите поради неговиот изглед, по повеќемесечна пауза се врати на терените

Обид да му го киднапираат новороденчето на Нејмар, вооружени напаѓачи ги врзале родителите на неговата поранешна девојка

Пристигна пред само два месеци и не сака повеќе да игра за ПСЖ