Контејнерите на екипите од Формула 1 пристигнаа во Сочи во пресрет на трката за Големата награда на Русија, пренесува официјален Твитер на „Сочи Аутодром“.
Руската етапа на „Кралската трка“ ќе се одржи по шести пат. Претходните пет пати победија пилотите на Мерцедес: три пати Луис Хамилтон и по еднаш Нико Розберг и Валтери Ботас.
Руското Гран-при 2019 ќе се одржи од 27 до 29 септември.